(ВИДЕО) „Францускиот Спајдермен“ се качи на кула за да пренесе порака за мир на Блискиот Исток

Францускиот алпинист Ален Роберт, познат како „францускиот Спајдермен“, денеска се искачи на кулата во која се наоѓа седиштето на компанијата „Тотал енерџи“ во близина на Париз за да ја пренесе „пораката за мир“ на 31-от ден од војната меѓу Израел и Палестинското движење Хамас.

Роберт (61) облечен во црвени панталони, флуоресцентно жолта јакна и чевли за качување, успеал да се искачи на кулата висока 179 метри пред очите на минувачите.

Алпинистот потоа бил приведен.

„Полицијата го приведе поради загрозување на животите на другите, но обвинителството подоцна се откажа од судската постапка“, соопшти локалната полиција, додавајќи дека Спајдермен е ослободен.

Роберт рече дека сака да испрати порака за мир за светските лидери еднаш засекогаш да го решат израелско-палестинскиот конфликт.

Алпинистот смета дека во Газа е во тек „геноцид“.

Војната меѓу Израел и Хамас го поттикна нападот на 7 октомври од страна на палестинското исламистичко движење на израелска територија. Како одмазда, Израел вети дека ќе го уништи Хамас со безмилосно гранатирање на Појасот Газа, опколена територија дом на околу 2,4 милиони Палестинци.

На 27 октомври таму израелската армија започна копнена операција.

Според последните податоци на Хамас, од 7 октомври досега во Појасот Газа се убиени 10.022 лица. Според израелските власти, најмалку 1.400 луѓе загинале на израелска страна, од кои повеќето цивили биле убиени истиот ден на нападот на Хамас. ; Покрај тоа, Хамас зеде над 200 заложници, Евреи и странци.