Никогаш не сум била на неговиот гроб! Менаџерката на Тоше Проески на тој фатален ден беше со него во автомобил – „Времето не ги лечи раните“ (фото)

Таа вечер по враќањето од настап во Хрватска, Лилјана Петровиќ немала поим дека тоа ќе биде нивното последно патување. Поминаа 16 години од смртта на Тоше, а по несреќата, Лилјана се преселила во Ниш, каде работи, но и ја лечи тагата, а во 2017 година таа за српските медиуми се присетила на покојниот пејач кого никогаш не го преболела.

„Времето не ги лекува раните. Никогаш не сум била на гробот на Тоше, немам сила за тоа ниту по десет години. Никогаш повеќе не сум отсвирела ниту една негова песна. Не можам. Сè уште не можам да го слушам неговиот гласо. Омилена ми е неговата песна „Još i danas zamiriše trešnja” но не сум ја слушала десет години“, рече Лилјана во 2017 година со растреперен глас.

Таа кобна вечер Лилјана била во автомобилот со Тоше, со тешки повреди била пренесена во болницата во Нова Градишка, каде дознала дека Проески починал на лице место. Оттогаш нејзиниот живот ја изгубил смислата. Кога се опоравила, решила да го промени животот и ги прекинала сите врски што би ја потсетувале на него.

„Потребна беше многу храброст за целосно да го сменам мојот живот. Секогаш е тешко да се откажеш од нешто во што си добар и да започнеш нешто ново од нула. Особено кога си во состојбата во која бев, секако дека е тешко“, вели Лилјана, која одгледува лаванда и од нив живее:

,,По естрадата, оваа работа ми беше единствениот лек. После сето тоа лудило. Сè што ми се случи тогаш не можев да го преболам.Едноставно веќе не можев да ја работам работата што ја работев. Тоше ми значеше премногу, многу повеќе од музиката и мојата работа. На крајот на краиштата, не бев подготвена за такво нешто”.

Тоше почина на 26-годишна возраст

„Немам никаков контакт со неговото семејство, ја затворив таа приказна. Се откажав од сè, само него го носам со себе секогаш и тоа ми е доволно. Луѓето мора да сфатат дека јас бев дел од животот на Тоше. Дадов сè од себе во тоа и затоа бевме толку успешни“, изјави во една прилика Петровиќ.