Никој не го очекуваше ова? Изненадување за Новак Ѓоковиќ! Вакви зборови не очекувал ниту во соништата, легендата згрме за него и за Јокиќ!

Новак Ѓоковиќ дефинитивно е еден од најдобрите тенисери во историјата на спортот.

Српскиот ас е прв по многу параметри пред легендите како Рафаел Надал и Роџер Федерер, а за голем дел од планетата е тенискиот GOAT.

Со тоа се согласува и легендарниот шахист Магнус Карлсен, кој за ,,Новости” упати низа пофалби за Новак Ѓоковиќ, но и за Никола Јокиќ.

– Ова нема да го кажам затоа што зборувам за српските медиуми и затоа што и’ се обраќам на тамошната публика, но за мене Новак е најголемиот тенисер на сите времиња. Мислам и дека Јокиќ минатата сезона по третпат заслужи да биде прогласен за МВП на НБА. Фасцинантно е да се види, не само луѓето во Србија, туку и ширум Балканот, како ја ценат и се гордеат со својата спортска големина – изјави Магнус Карлсен.

Ноле тешко можеше да очекува вакво признание, а зборовите на легенда како Карлсен дефинитивно се многу пријатни.