Никогаш не јадете испукано јајце! Во него демне опасна бактерија – еве што да направите ако се скрши во кутијата
Најчесто, труењето со салмонела може да се манифестира во форма на дијареа, болки во стомакот, повраќање и треска.
Јајцата се составен дел од дневното мени. Сите јајца имаат деликатно пакување, па затоа не е невообичаено едно од време на време да се скрши. Што да се прави со тоа испукано јајце, дали треба да се фрли или сепак е безбедно за јадење?
Во повеќето случаи, испуканото јајце треба да се фрли, особено ако не сте сигурни колку долго било пукнато. Имено, испуканото јајце може да содржи различни бактерии, меѓу кои најпозната е салмонелата. Најчесто труењето со салмонела може да се манифестира во форма на дијареа, болки во стомакот, повраќање и треска, а се проценува дека само една од 20 илјади јајца содржи салмонела. Сепак, една студија од 1996 година покажа дека имате до 93 пати поголеми шанси да се разболите од скршено јајце отколку од неоштетено.
Значи, ако забележите испукано јајце, најбезбедно е да го фрлите, освен ако не знаете дека случајно сте го скршиле на пат кон дома или во кујната. Во тој случај, префрлете ги скршените јајца без лушпа што е можно поскоро во херметички сад и чувајте ги во фрижидер не подолго од два дена.