НИКОЛА ЈА УБИЛ ЖЕНАТА ЗА ДА БИДЕ СО ЉУБОВНИЦАТА: Дури по злосторството полицијата ја открила вистината која го шокирала дури и САМИОТ УБИЕЦ

Французинот Николас Х. ја својата сопругата за да има целосна врска со својата љубовница.

Љубовницата, сепак, воопшто не постоела. Станувало збор за виртуелна личност со лажен идентитет која вадела пари од „заљубениот“ човек .

Откако признал, убиецот во средата бил изведен пред судот. Убиството се случи на крајот на јануари во градот Бесен на северот на Франција, недалеку од Кале и брегот на Атлантикот.

Утрото Никола Х.(30) повикал полиција бидејќи ја „нашол“ мртва својата една година помладата сопруга Алиса Р. Тој изјавил дека отишол во пекара во 7 часот и 30 минути, а кога се вратил во 8 часот и 10 минути го нашол нејзиното тело.

Пред истражните органи се обидел да исценира грабеж кој завршил лошо, па ја изнесе верзијата дека им исчезнала заштедата. Во текот на работата на овој случај, инспекторите откриле дека нешто не е во ред во неговата изјава, а со дополнителни објаснувања се дадени информации дека одржувал врска преку Интернет со извесна Беатрис Леру, трговец од Брест.

Вознемирен од доказите, убиецот го признал делото. Сакал да ја отстрани невенчаната сопруга, за да не му биде пречка тој и неговата љубовница да преминат од виртуелна во вистинска врска. Државниот обвинител објави дека и пред појавувањето на „втората жена“ била планирана свадба меѓу девојката жртва и нејзиниот невенчан сопруг.

На крајот се покажало дека Беатрис Леру воопшто не постои и дека тоа е фиктивен идентитет на крадци преку Интернет. Никола Х. на својата „љубовничка“ веќе и платил 2.200 евра, а трагата ги одвела инспекторите до Брегот на Слоновата Коска, каде најверојатно се наоѓа измамникот.

Во понеделникот е приведен Никола Х., а денеска е изведен пред судија.