Никола Јокиќ постигна чудесен трипл-дабл на гостувањето кај Пеликанс од Денвер Нагетс, но актуелните шампиони во НБА беа поразени во Њу Орлеанс со 110:115 во натпревар во кој во ниту еден момент немаа предност. Пеликанс водеа цел натпревар, имаа 20 поени предност во третата четвртина (82:62), но на крајот мораа да минат низ неизвесна завршница за да стигнат до победата. При крајот, Нагетс стигнаа до 102:103, но останаа без сили да го свртат.
Зион Вилијамсон (26 поени, 6 асистенции), Јонас Валанчиунас (22, 8 скока) и Брендон Инграм (21, 8 асистенции) беа најдобрите играчи на Пеликанс на ова славје. Во победничкиот тим ниту еден играч не го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок.
Јокиќ како никој досега
Во Нагетс, Мајкл Портер Џуниор стигна до 18 поени, 11 скокови, а тоа што го направи Никола Јокиќ во голема мера ги надмина сите индивидуални ефекти на учесниците на натпреварот.
Српскиот центар, двократен НБА МВП и МВП на минатогодишните финалиња, мечот го заврши со 26 поени, 16 скока и го изедначи ркордот на кариерата по бројот на асистенции. Тој имаше 18, што е и рекорд во лигата оваа сезона. Никогаш во историјата на НБА никој не постигнал такви бројки (26+ поени, 16+ скокови, 18+ асистенции).