Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес во Лондон потврди дека Македонија ќе добие пет милијарди фунти (околу шест милијарди евра) од Обединетото Кралство за финансирање на важни проекти.
Средбата со британските претставници на Министерството за финансии беше одлучувачка и парите ќе бидат наменети за проекти во транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата и заштитата на животната средина.
Николовски истакна три главни проекти: изградба на брза железница на Коридорот 10 (Табановце-Гевгелија), болници во Кичево, Тетово и Штип и медицински факултет со студентски дом во Штип.
По потпишувањето на договорот „влада-до-влада“, кој ќе биде ратификуван од Собранието, ќе следат официјални преговори за финансирање и имплементација.
Посетата продолжува со политички средби, а потпишувањето на договорот со британскиот министер за економија и извоз се очекува утре.