Министерот за транспорт и вицепремиер на Владата, Александар Николовски, го најавува третиот мобилен оператор во Македонија.
Според него, со ова значително ќе се намалат цените на услугите на кабелската телевизија, мобилните и интернет услугите.
„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца на третиот мобилен оператор. Нашата анализа покажува дека цените за телефонски, кабелски и интернет услуги се поскапи од повеќето европски земји. Мора да бараме мерки за ослободување на цените. Затоа, потенцијално решение е третиот мобилен оператор“, рече Николовски.
Тој додаде дека ќе ги поттикнат големите телекомуникациски компании да дојдат на македонскиот пазар