Николовски: Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за пченица и јачмен

Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за пченица и јачмен.

Предлагаме дополнителни 3 денари за предаден килограм пченица кај регистриани откупувачи во период до 31 август 2023г.

Дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање.

Обезбедуваме финансиска поддршка за складирање на пченицата и јачменот од домашното производтсво од род 2023г.

Се зголемува рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен кој наместо од 1 август ќе почне од 15 јуни и ќе трае до 1 септември 2023г.

Очекувам зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник.