Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот Фејсбук профил упати честитка по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите.
Николовски зборуваше за поддршката на младите земјоделци и нареди дека негова лична заложба е што поголем број од нив да се реализираат и да работат дома, во државата.
„Од 2017 до 2022 година со двете мерки се издвоени 841 решение за млади земјоделци во износ од 10.000 и 20.000 евра, за поддршка и развој на младите. Во август следува новиот јавен конкурс за поддршка од 10.000 евра за млади земјоделци за почеток на земјоделска дејност, Стипендиивме во износ од 18.000 денари на студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството. Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на МЗШВ. Потпишавме Меморандум со факултетите со кој се овозможи организација и штафета на практичното учење и унапредување на кариерата на студентите. Во моментов имаме 24 практиканти со месечен надоместок од 70 проценти од минималната плата. Моја лична заложба е што повеќе млади луѓе во земјоделството да реализираат и да работат дома, во својата татковина. Вие младите сте сегашноста, ние инвестираме во вашата иднина“, нагласува Николовски.