Николов: Низа на директори, ама никој не се грижи што нема лекови за граѓаните и плата за здравствените работници, затоа мора да си одат
Половина месец има крах на Фондот за здравство, а со тоа и на целиот здравствен систем. Граѓаните значи не можат да добијат лек на рецепт иако цел живот плаќаат здравствено осигурување, не се исплаќаат боледувања, нема плати за здравствените работници. А нема ни министер за здравство.
Сликата денес говори дека двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не можат да се видат во јавност. Едниот наводно шета надвор од државата, а токму тој самиот во својата биографија има наведено дека има напредни вештини од ИТ технологијата. Освен овие двајца, ни трага ни глас нема ни од уште деветте секторски директори, како и од седуммината членови на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Покрај толку директори и разни функционери во Фондот, ги нема нити директорите на јавните здравствени установи. Ниту еден функционер не се загрижи за вработените што не може да земат плата во законски предвидениот рок.
Се почнува со приказни за некаква транспарентност. Ниту премиерот Димитар Ковачевски не е загрижен, а не се знае кој и што прави со морето на податоци од Фондот за здравствено осигурување.
Оттука бараме одговорност од сите функционери кои можеле, а не го спречиле овој крах на здравствениот систем.
Ваков распад на системот се нема случено до сега!
Затоа оваа неспособна гарнитура предводена од СДСМ и ДУИ мора да замине.
Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ