Николоски за Орбан: Пријателство кое трае со децении

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по посетата на македонската делегација на Унгарија истакна дека унгарскиот премиер е голем поддржувач на Македонија.

-Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, наш голем пријател и поддржувач на Македонија. Човек од кого има многу да се научи! Пријателство кое трае со децении, пишива Николоски.

Николоски објави фотографија. Може да погледнете во продолжение:

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на унгарско-македонскиот владин самит. Во Будимпешта се одржа тет-а-тет средба меѓу премиерите, но и повеќе билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади. Одржана беше и зедничка седница.

Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција.