Николоски: Зградата на Пошта беше планирана за ресторан од претходното раководство

Македонската пошта од претходното раководство беше планирана за ресторан, за разлика од сегашните планови да биде мултимедијален и културен центар, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Според него, претходната влада имала за цел да го уништи по цена на некои приватни фирми кои се занимаваат со поштенски бизнис.

„По констатираните слабости, реорганизацијата е во тек и промените треба да бидат видливи на почетокот на следната година“, соопштија од Министерството за транспорт.

Николлоски очекува Јавното обвинителство да реагира, да интервенира и да утврди одговорност за сите кои несовесно и незаконски работеле во АД Пошта.

Владата планира да ја реновира опожарената зграда на „Пошта“ и да ја направи мултифункционална во 2028. Оваа идеја неодамна ја изнесе министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој вели дека Владата одлучила да ја реновира централната зграда на Македонски пошти, за да биде подготвена за потребите на Скопје, „европската престолнина на културата“ за 2028 година.

Објектот на Поштата изгоре во пожар во 2013. Од пожарот беа оштетени куполите и муралот на Борко Лазески. Во 2014 година ревизорите констатирале дека е уништена опрема вредна 10.000 евра, како и марки од 92.000 евра.