Николоски: Мијалков има голем бефенит од измените на КЗ, но нема ниту збор од власта

Еден од оние кои на пример има голем бенефит од измените на Кривичниот законик, за којшто не слушнав ништо да каже власта, е поранешниот директор на УБК кој доби целосна амнестија за прислушкувањето, а суштината на целиот процес на објавување на т.н. бомби беше да се дознае кој и зошто прислушкувал, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Кога го исклучувавме од партијата јас лично кажав дека не треба да ја лажеме и замајуваме јавноста дека странски служби и жолти комбиња преслушкувале туку преслушкувањето е внатре во УБК. Сега гледам дека актуелната власт на ДУИ и СДСМ не сака да се открие вистината до крај, го амнестира и него му застаре прогонот и со тоа му застаре кривичното дело таму. Во моментов единствен против кој се води судски процес за прислушкување е личност која е жртва на прислушкувањето, а тоа е поранешната министерка, Гордана Јанкулоска. Впрочем и оваа работа беше прославена со најскапата свадба во историјата на Македонија за која не слушнав збор да каже кој било од ДУИ и СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски на Трилинг.