Николоски: Обиколницата што ги поврзува Охрид и Струга, Македонија и Албанија, е пуштена во употреба
Решаваме уште еден важен проблем во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Станува збор за пуштање во употреба на обиколницата „Подмоље“, која ги поврзува Охрид и Струга, но и две земји, Македонија и Албанија. А ова беше еден од проблемите наследени од минатото, нагласи денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„И ова беше еден од проблемите наследени од минатото бидејќи претходната влада не направи ништо во реализацијата на овој проект. И она малку што го направија, го згрешија, па затоа решија да ја урнат оваа раскрсница без да ги решат имотно-правните односи, без да ја решат експропријацијата, а раскрсницата се рушеше со години, без можност да се обнови и да се стави во функција“, рече Николоски, кој учествуваше во увид на градежните активности заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП „Патишта на Македонија“, Коце Трајановски.
Со промената на власта и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, како што нагласи, ова беше решено, ги решивме имотно-правните односи, ги решивме сите административни проблеми што нè кочеа.
„И веќе е во функција од денес, што значи многу побрз проток на луѓе и патници од Струга и соседна Албанија до Скопје, но и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што во минатото имаше навистина големи проблеми“, рече Николоски.
Во врска со динамиката на изградбата на патиштата, Николоски рече дека работат посветено.