Министерот за транспорт и врски Александар Николоски рече дека целта на предупредувањата за промени на телекомуникацискиот пазар со можност за влез на трет мобилен оператор е граѓаните да добиваат поквалитетни услуги за помалку пари, бидејќи според него , „со сегашниот дуопол цените не само што се намалија, туку и се зголемуваат“.
На новинарското прашање за писмото за намери што го достави до Владата операторот 4iG групација од Унгарија,
Николлоски рече дека во следниот период ќе се донесе стратешка одлука дали ќе се воведе трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на двата постоечки оператори. Но, нагласи тој, факт е дека во моментов постои дуопол меѓу двата постоечки оператори и пазарот е идеално поделен во однос 51:49 помеѓу првиот и вториот оператор.
„Цените на услугите не само што не се намалија, туку се зголемуваат. Нема конкуренција ниту за давање на најдобри услуги ниту за поевтини цени за граѓаните. Секојдневно се соочуваме со проблеми затоа што постои овој бином – ако се работи за тоа како се поставени базните станици, ако се работи за услугите што им се нудат на граѓаните, квалитетот не е на вистинското ниво“, изјави Николовски при посетата на Кавадар.
Министерот рече и дека „тие се подготвени за евентуален напад од двата оператори, но и дека се неколку чекори пред нив и се добро информирани“.
На прашањето зошто унгарска компанија за која се знае дека е блиска до премиерот Орбан, Николлоски одговори со прашање „Да, зошто да не?“. Ако сега граѓаните плаќаат 5.100 денари за одредена услуга, додека утре плаќаат 3.100 денари, според него, „што е поважно кој ја дава услугата?“.
Министерот Николовски на 6 овој месец на седницата ја извести Владата дека е пристигнат допис од унгарскиот оператор 4iG Group, откако претходно во Будимпешта оствари средба со претседавачот на групацијата Гелерт Жезаи.
До третиот квартал од 2023 година, на пазарот на мобилна телефонија се регистрирани 2.074.021 активни претплатници, на кои мрежните оператори А1 Македонија и Телеком Македонија имаат учество од 47,62, односно 47,24 отсто.