Николоски: Пругата кон Бугарија со пониска цена

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за неделникот Фокус вели дека геополитиката не прашала за изградбата на коридорите 8 и 10.

Николоски рече дека дел од овие тези ги распукале оние кои коруптивно сакале да ја добијат работата за третата етапа од пругата кон Бугарија. Според него, случајот има повеќе елементи.

Првиот и клучен елемент е проектираната цена на чинење. Тоа е 24 милиони евра по километар, што е поскапо од автопатот. Колку за илустрација, цената на брзата пруга каде било во Европа со 200 километри на час е од 4 до 10 милиони евра, во зависност од теренот. Овде за пруга што ќе се движи со 60 километри на час е 24 милиони евра, изјави Николлоски. Не сме глупи, потенцира Николлоски, да прифатиме толку напумпана цена за проект кој веројатно никогаш нема да се изгради.

Според Николовски, потребен е нов пат кој ќе се совпадне со Бугарија.