Никол Кидман изгради импресивна кариера, преминувајќи од австралиските продукции кон главните улоги во холивудските блокбастери. Иако стана позната благодарение на филмот „Денови на гром“ (Days of Thunder) од 1990 година, во кој глумеше заедно со Том Круз, таа особено ја освои публиката во независната драма „Жената за која треба да се умре“. Оттогаш, таа соработува со режисери како Гас Ван Сант, Стенли Кубрик и Ларс фон Трир, потврдувајќи го својот статус како една од најистакнатите актерки на нејзината генерација.
Во последниве години, таа се повеќе се појавува во телевизиски серии, а нејзината улога во драмата на HBO „Големи мали лаги“ ѝ донесе Златен глобус и бројни признанија. Играјќи ја Селест, жена која преживува семејно насилство, Кидман покажа емоционална длабочина и ранливост.
Иако веќе доби голем број значајни ТВ улоги, има една серија во која навистина сака да глуми – „Белиот лотос“. „Јас сум голем обожавател на Мајк Вајт, би направила сè затоа што мислам дека е феноменален. Го обожавам „Белиот лотос““, изјави таа за IndieWire, според списанието Far Out.
И покрај тоа што го познава креаторот на серијата, Мајк Вајт, уште од серијата „Сопругите на Степфорд“ од 2004 година, Кидман откри: „Не мислам дека бев замолена да бидам во серијата“. Изјавата изненади многумина, со оглед на тоа колку природно би се вклопила во актерската екипа.
Претходните сезони донесоа разновидни ликови и високо ниво на продукција, а серијата освои бројни Еми награди и стана глобален хит.
Со оглед на тоа дека доаѓа новата сезона, можеби желбата на актерката наскоро ќе се оствари.