Никол Кидман и Кит Урбан вчера попладнето го поминаа во Нешвил, каде што присуствуваа на натпреварот од Светското клупско првенство помеѓу американскиот тим Лос Анџелес ФК и тунискиот Есперанс Спортив.
Никол повторно блесна во софистицирана модна комбинација, одлучувајќи се за елегантен бел фустан со суптилни сребрени цветни детали. Со дискретна шминка, розов кармин и лесно руменило, таа го привлече вниманието на присутните. Кит се одлучи за порелаксирана комбинација, карирана кошула со засукани ракави и искинати фармерки.
Nicole Kidman and Keith Urban step out for the soccer in Nashville https://t.co/217XSYCq04
— Michele (@sunsprite33) June 21, 2025
Никол и Кит изгледаа опуштени и среќни, постојано се смешкаа и разговараа еден со друг додека го гледаа натпреварот.
Во неодамнешно интервју за „Алур“, Никол зборуваше за својот однос со ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет и нагласи колку многу ѝ значи нивната блискост и секојдневната комуникација.
„Многу сме блиски. Седам на нивните кревети и разговараме за лични работи. Можам да бидам нивен водич, но во нашата врска постои меѓусебно почитување на границите. Ако сакаат да ми кажат да замолчам, можам. Ми се допаѓа каков однос имаме“, рече таа.
Иако Никол е позната по своите бројни улоги, таа рече дека нема интерес да глуми со својот сопруг.
„Во животот сме заедно, но не мора да бидеме во серија. Нашиот живот е веќе претстава“, изјави таа во интервју за „Пипл“.
Кога ја прашале дали би глумела во проект што би ги споил сите нејзини претходни улоги во една, таа одговорила со смеа: „Тоа е урнебесно. Би се согласила. Знаете дека сум спремна да пробам сè. Го сакам тоа што го правам и секогаш сум малку возбудена за тоа.“
На филмскиот фестивал SXSW во март, каде што го промовираше својот нов филм „Холанд“, Никол објави дека планира да се повлече од глумата некое време: „Минатата година бев многу поактивна. Оваа година ги имам „Холанд“ и „Девет совршени странци“, а потоа земам одмор до крајот на годината.“