Австралиско-американската актерка Никол Кидман и музичарот Кит Урбан се разведоа по 19 години брак, потврди „Пејџ Сикс“.
„Понекогаш врските едноставно си го одминуваат својот тек“, изјавил извор за Page Six, додавајќи дека Кидман не сакала да раскине и се обидела да ги спаси работите.
TMZ објави дека двојката живее одвоено од почетокот на летото оваа година. Нивните ќерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет живеат со неа.
„Таа го држи семејството заедно во овој тежок период откако Кит го нема“, рече изворот, осврнувајќи се на фактот дека тој моментално е на турнеја.
Во јуни, Кит Урбан прекина интервју на Зум откако еден новинар го праша што мисли за интимните сцени што Кидман ги сними со Зак Ефрон за филмот „Семејна афера“, што доведе до гласини за нивниот развод, што сега е потврдено.
Тие се запознаа во 2005 година и се венчаа во јуни 2006 година. Таа претходно беше во брак со Том Круз, со кого има ќерка, Бела, и син, Конор.