Никол Кидман пристигна на премиерата на еротската драма во впечатлива креација: Комбинација од корсет и здолниште
Никол Кидман се погрижи да се истакне со својата облека на премиерата на нејзиниот нов филм „Babygirl“ за време на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.
Актерката на црвениот тепих се појави во драматичен гол корсет и црно кадифено здолниште. Сложено украсениот корсет на Никол од Скиапарели имаше парчиња од тул и мониста кои се висеа под монтираниот дел од ткаенината што ја истакнуваше нејзината половина.
Австралиската убавица својот изглед го комплетираше со бисерни обетки и црни лакирани потпетици, а своите црти ги истакна со едноставна шминка.
Никол зрачи самодоверба на црвениот тепих и покрај тоа што неодамна призна дека се чувствувала ранливо додека снима интимни сцени во „Babygirl“.
Во оваа еротска драма, Никол игра моќна извршна директорка во Њујорк, која започнува ризична афера со нејзиниот многу помлад практикант, кој го игра Харис Дикинсон.
Таа призна дека нема храброст да го гледа филмот, а по премиерата „Babygirl“ доби 7-минутни овации. Го режираше Халина Рејн, а Кидман ја опиша нивната соработка како ослободувачка.
На црвениот тепих ѝ се придружија и други членови на актерската екипа, од Антонио Бандерас, Харис Дикинсон до Софи Вајлд.