Никол Шерзингер ќе се омажи: Замина на Хаваи со своето момче, а тој решил да ѝ стави прстен на рака! (ФОТО)
Пејачката Никол Шерцингер (44) се вери со своето долгогодишно момче, поранешниот рагбист Том Еванс (38). Среќната вест таа ја сподели на својот Инстаграм.
Никол објави две фотографии од патувањето на Хаваи, каде што вереникот ја изненади со прстен на плажа. Таа не можеше да го сокрие задоволството.
– Реков „да“ – напишала кратко таа во описот на фотографиите, додека Том на својата идна сопруга и’ рекол: „Моја засекогаш“.
Извори блиски до парот за Page Six изјавија дека долго време зборуваат за својата иднина.
– Возбудена е што конечно сè стана реалност. Тaa е на ,седмо небо” – рекол изворот.
Никол и Том се запознаа во 2019 година кога рагбистот учествуваше во „The X Factor: Celebrity“ со бендот Try Star. Извесен период се шпекулираше за нивно раскинување, но и двајцата потврдија дека сè уште се во врска.
– Ова е новост за нас. Каква шега – напишаа тогаш.
Инаку, на Никол ова ќе и’ биде трет брак, а факт е дека познатата пејачка и покрај неверојатниот изглед досега немала многу среќа во љубовта.