НИКОЈА КАКО ТИК ТОК: Кинеската апликација НЕПРЕКИНАТО ЈА ОСВОЈУВА ПЛАНЕТАТА!

Во првите десет се и Disney Plus, Amazon Prime Video, MX Player, Modz, YouTube Kids и Hotstar.

Во 2022 година кинеската апликација TikTok ја преземале 875,2 милиони корисници преку платформите на Google Play и Apple App Store, објави порталот Statista.

Овие податоци откриваат дека TikTok беше убедливо најпопуларната мобилна видео апликација во однос на преземањата минатата година.

Апликацијата YouTube ја преземале 190,8 милиони корисници, а Нетфликс 179,7 милиони корисници.

Четвртото место го зазеде друга кинеска апликација за споделување видео, Kuaishou, која ја преземале 177,5 милиони луѓе.

Во првите десет се и Disney Plus, Amazon Prime Video, MX Player, Modz, YouTube Kids и Hotstar.