Никој несака да ги брани: „Се крие идентитетот на адвокатот на осомничените за убиството на Вања и Панче“

На сите осомничени, според достапните информации, им е одреден адвокат по службена должност, но неговиот идентитет не се соопштува.

Во исчекување на екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за киднапирањето и убиството на  Вања Горчевска  (14) од Скопје и фризер Панче Жежовски (74) од Велес, од правосудните органи на Турција, каде по апсењето се наоѓа приведен во екстрадиционен притвор, четворица негови соработници во извршување на тешко кривично дело, во притворското одделение на истражниот затвор во населбата Шуто Оризари во Скопје, се соочуваат со проблем да ангажираат бранител.

Затоа, според достапните информации, на сите им е одреден адвокат по службена должност, но неговиот идентитет не е објавен.

Во медиумите се потсетува дека по апсењето на осомничените преку социјалните мрежи се рашири своевиден апел ниту еден адвокат да не прифаќа ангажман во одбрана на криминалци. 

Заради сериозноста на делото за кое се товарат задолжително е да имаат адвокат.

Затоа, како што е наведено, за сите приведени е определен по еден адвокат на службена должност. 

Во такви околности, на осомничените нема да им биде лесно да ги обезбедат „ своите “ адвокати ниту за претстојното судење.