Никој не го знае родениот брат на Горан Бреговиќ: Предраг живее повлечено, а еве како изгледа и што прави (ФОТО)
Кога родителите на Горан Бреговиќ се развеле, тој продолжил да живее со својата мајка во Сараево, додека неговиот помлад брат Предраг се преселил со татко му Фрањо во Ливно. Но, штом наполнил 18 години се вратил во Сараево, каде што се запишал на факултет.
Нивната сестра Дајана Бреговиќ Мариќ, за жал, ненадејно почина на 61-годишна возраст. Колку била приврзана за семејството говори и тоа што на еден од синовите му го дала презимето Бреговиќ бидејќи нејзините браќа немале машки потомци.
Предраг Бреговиќ живее живот далеку од медиумската сцена, а нешто повеќе за него дознавме од неговиот познат брат. Одговарајќи на прашањето колку личат на нивниот татко, Бреговиќ еднаш рече:
‒ Физички личам на него, бидејќи сум низок, со криви нозе, а заедничка особина ни е трудољубивоста. Брат ми Пеѓа повеќе се наведнува кон црногорската страна на мајка му – висок е, убав, со големи раце, но тој, како и татко му, најмногу ужива во своето лозје, во Бешка, село во Срем на брегот на Дунав. Таму произведува вино и ракија, но не ги пие сам, туку ги дели на сите.