Поранешниот тренер на Роџер Федерер, Сверин Лути кажа нешто што никој не го очекуваше.
Лути во интервју за швајцарскиот весник „Блик“ изјави дека Новак ја има истата дарба како Федерер.
Тој исто така објасни зошто е важно Новак да продолжи внимателно да ги избира турнирите.
Тој знае дека повеќе не може да игра секаде по никоја цена. Ако направите голема грешка на оваа возраст, тоа може да има сериозни последици. И Ѓоковиќ почнува да оди по топките – сликовито објасни Лути.
Сепак, тој го пофали Новак и неговиот тим.
– Начинот на кој Ѓоковиќ ја планира кариерата во овие години е одличен. Ја има таа дарба, како порано Роџер, дека не мора да игра многу подготвителни турнири. Веднаш е во форма. Кога сте толку долго, треба да размислите што ве прави среќни. Така да може да пропуштите уште еден турнир – заврши Лути.