„Никој не ја сака Турција во ЕУ“ – Кремљ порача: „Не гледајте на светот низ розови очила“

Тие не сакаат да ја видат Турција во Европската унија, а Анкара не треба да има илузии за тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Никој не сака да ја види Турција во Европа, мислам на Европејците. Нашите турски партнери веројатно не треба да гледаат на светот низ розови очила – рече тој.

– Турција е членка на Северноатлантската алијанса, Турција има свои обврски, Турција е посветена на своите обврски. Ова никогаш не ни било тајна и никогаш не сме имале илузии во овој поглед – изјави портпаролот на Кремљ.

Сепак, Песков истакна дека одлуката за Шведска и НАТО е само „еден дел од приказната“.

Коментирајќи ја соработката меѓу Русија и Турција, портпаролот на Кремљ потсети дека постојат несогласувања, но дека има и дел од односот што одговара на интересите на двете земји, како и дека Москва има намера да развива дијалог.

– Затоа уште еднаш ќе повторам, без оглед на сите познати несогласувања, имаме намера да го развиваме дијалогот и нашите односи со Турција онаму каде што е корисно за нас и за нив – заклучи Песков.