НИНА БАДРИЌ ГО ЗЕМА РЕЦЕПТОТ ОД НОВАК ЃОКОВИЌ И ИЗГУБИ ЦЕЛИ 20 КИЛОГРАМИ: Од исхраната исфрлила само една намирница

Таа за медиумите потврди дека целосно го исфрлила месото од исхраната.

Хрватската пејачка Нина Бадриќ ја доведе линијата до совршенство, а од исхраната го исфрли месото и месните производи.

“Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и им препорачувам на сите да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана. Како резултат на тоа, килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета”, рекла Нина. Бадриќ, и откри дека во животот целосно се откажала од месото.


Се чини дека оваа голема промена е главната причина за нејзиното драстично слабеење. Поточно ослабела 20 килограми, јавува Слободна Далмација.

Таа за медиумите потврди дека целосно го исфрлила месото од исхраната.

„Тоа некако природно ми дојде. Супер е, се чувствувам ведро, здраво, одлично и не сум уморна. Порано, кога јадев парче месо, дремев два часа, но сега сум среќна, слатка, весела јас дури и масерката ми рече дека тонот на кожата ми е подобар“, задоволно изјави Нина Бадриќ.

“Луѓето обично се изненадени кога ќе ме видат во живо. На екранот изгледам пополно, изгледам многу постаро, а потоа е одлично што луѓето не ме препознаваат кога ќе ме сретнат”, додала таа.

Таа во една прилика на Инстаграм откри дека ја практикува диетата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Долго ја држам диетата на Новак Ѓоковиќ. Се има смисла. Моите сили се удвоија.