Ниту годините ниту рaзводот не ѝ можат ништо! Данијела Димитровска ги ,,запали” социјалните мрежи во минијатурно бикини покажувајќи ја секоја линија на нејзиното тело! (фото)
Данијела Димитровска, како што многумина забележуваат, никогаш не изгледала подобро. Отсекогаш важела за една од најубавите балкански манекенки, а годините и породувањето не успеале да го расипат тоа.
Таа во последно време ужива во новата љубов во која го најде мирот по разводот со водителот Огњен Амиџиќ, а младиот Јеврем Косниќ дефинитивно ја прави среќна што се гледа и на нејзините фотографии и видеа.
Често на Инстаграм следбениците можат да го видат нејзиниот имиџ и работа, а сега и нејзиното извајано тело од кое застанува здивот.
Имено, Димитровска на летниот ветер позираше во минијатурно бикини, на кое и’ се гледаше секоја линија на телото додека се обидуваше да се покрие.
– Разводот е една од најболните работи што може да им се случи на луѓето. Во најтесниот круг на моите пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е смрт без умирање. Навистина боли, кога ќе умреш тоа е крајот, а ова продолжува да боли. Се додека не го снема, боли, и никогаш не знаеш кога ќе престане, нема потпишано хартија за тоа. Сè е до правото на избор и фала му на Бога затоа што ние имаме право да избереме со кого ќе се венчаме, разведеме и слично – изјави тогаш таа.