“НИТУ ЕДЕН ЛЕК НЕ ДЕЛУВА…“ – Здравствената состојба на легендарната Селин Дион се влошува: Пејачката веќе не може ниту да ги контролира мускулите !?

Постарата сестра на Селин Дион потврди дека легендарната пејачка повеќе нема контрола над нејзините мускули.

Пред една година (декември 2022 г.) пејачката на култниот хит „My Heart Will Go On“ беше принудена да ја откаже својата светска турнеја. Нејзината 74-годишна сестра сега вели дека можеби ќе биде потребно „многу време“ пред 55-годишната Селин Дион да се врати на сцената откако се бореше односно се уште се бори со невролошко нарушување познато како вкочанетост или – „синдром на вкочанета личност“.

Состојбата на Селин Дион, која прогресивно се влошува е неизлечива и предизвикува телото да ги напаѓа сопствените нервни клетки и сериозно влијае на мобилноста на личноста.

слика
Селин Дион во 2016 година

Според Daily Mail, Селин Дион работи напорно, но нема контрола над своите мускули.

Она што ми го крши срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана“, вели нејзината сестра и додава: „Секогаш работеше напорно, а нашата мајка секогаш велеше дека таа ќе направи се како што треба. Нејзиното враќање на сцената е цел и за нас и за неа. Сепак, не знам на кој начин“.

Додека истражувањето за нејзината здравствена состојба е во тек, напредокот за жал е бавен поради реткоста на гореспоменатиот синдром.

Гласните жици се мускули, а и срцето е мускул. Бидејќи ова е еден случај во милион, научниците не го истражувале толку овој синдром, бидејќи не е широко распространет“, објаснува нејзината постара сестра.

Добротворната организација на семејството на Селин Дион, Фондацијата „Maman Dion“, е преплавена со пораки за поддршка на ѕвездата.

Некои луѓе изгубија надеж бидејќи болеста не е добро позната. Само да знаете колку телефонски повици добива Фондацијата на Селин Дион… Луѓето ни велат дека ја сакаат и се молат за неа. Добива толку многу пораки, подароци и благослови…“, раскажува нејзината сестра која претходно откри дека и покрај тоа што работела со врвни истражувачи во оваа област, ​​не забележала подобрување во нејзиното здравје.

Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да се има надеж“, вели сестрата на легендарната пејачка.

Инаку, во октомври постарата сестра изјави дека Селин Дион сè уште не се потпира на инвалидска количка и дека сепак планира да им се врати на настапите. Луѓето кои страдаат од синдромот на вкочанета личност често се нарекуваат „човечки статуи“, бидејќи прогресивно го заглавува телото во крути позиции, а болните на крајот не можат да одат или да зборуваат.

слика
Селин Дион

Состојбата, за која се смета дека влијае само на еден од милион луѓе, може да доведе и до грчеви кои предизвикуваат доволно сила за да се скрши коска. Најчесто болеста се дијагностицира кај пациентите на возраст од 30 до 50 години, а тоа се претежно жени. За потсетување, пејачката својата дијагноза првпат ја објави на јавноста во декември 2022 година преку емотивна објава на социјалната мрежа Инстаграм, а неколку месеци подоцна ја откажа светската турнеја, која требаше да започне на крајот на 2023 година.