„Ниту една земја не се осмелува да го нападне Иран!” – Техеран претстави нова балистичка ракета со максимален дострел до 1.700 километри! (ВИДЕО)
Иран денеска во Техеран претстави нова балистичка ракета со дострел од 1.700 километри.
На церемонијата присуствуваше и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Државната телевизија прикажа снимка од
ракетата „Етемад“ , која има „максимален дострел од 1.700 километри“.
„Развојот на одбранбените способности и вселенските технологии треба да гарантираат дека ниту една земја не се осмелува да нападне иранска територија“, рече Пезешкијан.
Западните земји се загрижени за напредокот во балистичката програма на Иран, обвинувајќи го за дестабилизација на Блискиот Исток.