Ниту една психички силна жена нема да си дозволи да ги направи овие грешки: Тврди познатиот руски психолог

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски често дава совети, кои според него, на одредени начини го олеснуваат животот.

Тој главно се фокусира на жените, посочувајќи им на одредени грешки кои им предизвикуваат проблеми и тешкотии во животот.

Психологот смета дека постојат одредени женски грешки кои би можеле да ги спречат да живеат среќен живот. Еве што советува по тоа прашање:

Луѓето кои имаат стабилна психа не треба да размислуваат што мислат другите за нив. Искажувањето пред други луѓе е само доказ колку се сомневате во себе. Можете на другите да им презентирате совршен живот, но секогаш ќе забележите дека има подобри и поуспешни луѓе од вас.

И не е важен само изгледот. Се заљубувате во карактерот, уникатноста и внатрешноста убавина. Следната грешка која многумина ја прават, според Лабковски е, тоа што го прават она што не им се допаѓа. Доколку не сакате да одите на работа, одвојте еден ден да одморите, доколку не сакате да одите ниту следниот ден, земете уште еден слободен ден. Но, доколку не сакате да одите на работа и третиот ден, променете ја работата. Поентата не е само да работите, поентата е да ја работите работата која ја сакате.

Поентата е да го правите она во кое уживате, а не да одите на работа секој ден против своја волја. Следната грешка која многу жени ја прават, според Лабковски е, што на време не кажуваат на луѓето што им се допаѓа, а што не. Не постои ништо на овој свет што треба да го трпите и толерирате против своја волја.

Доколку го правите тоа, тогаш го зголемувате гневот. Лабковски исто така, советува и да не брзате и да не се обидувате да ги „натрупате“ сите животни желби во неколку години. Живејте така што вашата среќа ќе биде вашиот приоритет и престанете да влијаете на работите на кои не можете да влијаете. Таа навика само ве излудува и носи дополнителен стрес и нервоза.