Ништо не е свето: Израелските сили го погодија влезот на педијатриската болница во Газа

Израелската војска денес го погоди влезот на педијатриската болница Ал-Наср во западниот дел на градот Газа, јавува телевизијата Ал-Акса, пренесува Анадолу.

Неколку палестински локални медиуми јавија дека во нападот загинале две лица, а неколку други се ранети.

Израелската војска неодамна ги нападна палестинските болници во Појасот Газа, вклучително и болницата Ал-Шифа, болницата Ал Кудс и болницата во Индонезија.