„Ништо не прават посебно “, но подобро им оди од Германците

Италијанската економија расте побрзо од германската економија, која до неодамна беше индустриски двигател на еврозоната.

Според официјалните податоци објавени минатата недела, италијанската економија пораснала за 0,5 отсто во последниот квартал од 2023 година, додека германскиот раст во наведениот период се намалил за 0,2 отсто.

Веројатно оваа шема ќе продолжи и оваа година. Имено, Централната банка на Италија предвидува дека економскиот раст на оваа земја годинава ќе изнесува 0,6 отсто, додека Централната банка на Германија очекува дека економскиот раст на оваа земја ќе изнесува 0,4 отсто.

Економскиот раст на Италија не е голем, но покажува дека одредени перцепции за европската економија се во спротивност со реалноста. Дополнително, другите економски показатели за Италија изгледаат попозитивни од претходно.

Премијата за ризик на италијанскиот долг е најниска во последните две години, а стапката на невработеност е најниска во последните 15 години (освен еден месец за време на пандемијата на коронавирус). Стапката на невработеност во декември беше 7,2 отсто, додека пред десет години беше 13 отсто.

Аналитичарите сметаат дека Италија не прави ништо особено добро, но на Германија и оди доста лошо. Имено, Германија е во неволја бидејќи се потпираше на евтината руска енергија и затоа што ја продлабочи трговијата со Кина. Германската централна банка предупреди дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку активностите на Кина против Тајван предизвикаат дополнителни нарушувања во трговските односи.

Потпретседателот на Миланскиот институт за меѓународни политички студии Франко Бруни изјави дека Германија, како земја на врвот на европскиот производствен синџир, е особено ранлива на значително забавување на кинеската економија. Речиси осум отсто од извозот на Германија во 2020 година беше во Кина. Сепак, во ноември 2023 година изнесуваше пет отсто, што е за 13 отсто помалку од ноември 2022 година. Од друга страна, 2,6 отсто од италијанскиот извоз во 2022 година отиде во Кина.

Сепак, шефот на миланскиот Центар за Европа и глобално управување, Антонио Вилафранка, истакна дека секоја слабост во германското производство се одразува на Италија, која е значително поврзана со Германија.

Откако заврши пандемскиот бум, производството насекаде беше во неволја. Во последните неколку години, не само Италија, туку и целиот југ на Европа имаше огромна корист од насочувањето на трошоците за услуги, особено за туризам. Според податоците на Фирентинскиот центар за туризам студии, закрепнувањето се случило само по себе, а компаниите очекуваат туристичките резервации да бидат релативно стабилни во првиот дел од оваа година.

Помош од Европската Унија

Друг важен факт за Италија е улогата на фискалната политика. За време на поранешниот премиер Џузепе Конте, Италија целосно ја искористи ситуацијата предизвикана од пандемијата и инвестираше повеќе од 100 милијарди за подобрување на енергетската ефикасност на станбените единици.

Тоа го постигна со моделот познат како супербонус. Но, актуелниот италијански премиер Ѓорѓа Мелони, кој е на чело на државата од октомври 2022 година, стави крај на примената на овој модел, наведувајќи дека станува збор за неоправдана субвенција која главно ја користеле добростоечките.

Сепак, супербонус не може да биде возможен без финансиска помош од ЕУ. Со таа финансиска помош, на Италија и беа обезбедени 100 милијарди евра, од кои 41 милијарда евра се неповратни средства. Оваа земја во следните неколку години треба да добие уште 90 милијарди евра.

И покрај ова, италијанскиот буџетски дефицит порасна на речиси девет отсто од БДП и дури сега полека се враќа во рамнотежа. Според проценките на Европската комисија, овој дефицит треба да изнесува четири отсто од БДП оваа и следната година. Од друга страна, германскиот дефицит беше ограничен на 0,4 отсто од БДП со буџетот усвоен минатата недела.

За некое време нема да биде јасно дали прекумерното трошење на Италија во последните три години ја подобрило нејзината способност за раст, пишува магазинот „Политико“, а пренесува „Кликс“.