НИШТО ОД ИЗБОРНИОТ СЛОГАН “ПРЕМИЕР НА СРБИЈА“ ? Ивица Дачиќ понуди оставка по изборното фијаско: “Потребно е да се најде нов лидер на СПС“

Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), изјави дека ниту тој ниту неговата партија не се задоволни од постигнатите резултати на изборите. Тој смета дека е време да се напушти лидерската позиција во партијата.

Што се однесува до нас, овој резултат е незадоволителен. Ќе разговарам со моите колеги за да одлучат што е најдобро за партијата во наредниот период. Мое мислење е дека е потребно да се најде нов лидер на СПС“, вели Ивица Дачиќ.

Тој кажа дека не може да одговори на сите прашања „без присуство на соборци од партијата“. Тој вели и дека е извесно дека, доколку немал колеги, денес веќе ќе донел одредени политички одлуки.

Тој додаде дека треба да се направи анализа на поразот.

Подготвен сум како партија отворено да разговарам за нови кадровски решенија“, додаде Ивица Дачиќ.

Тој им честиташе на СНС за убедливата победа.

Ивица Дачиќ кажа и дека неговата партија е подготвена да ја продолжи коалицијата со СНС на сите нивоа, доколку се согласат на тоа.

Некои аналитичари го окарактеризираа Ивица Дачиќ како губитник на изборите, бидејќи неговиот слоган „Премиер на Србија“ отуѓи дел од гласачите. Се сметаше дека СПС има стабилно гласачко тело, но на овие избори партијата ја доби довербата на помалку од 7 отсто од гласачите. На изборите во 2020 година за нив гласаа 10,37 отсто од гласачите.