НИШТО ОД ЃОКОВИЌ: Новак нема да игра на ПРЕСТИЖНИОТ ТУРНИР!

Србинот го прескокнува турнирот кој навивачите го обожаваат.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ внимателно ги избира турнирите во својот распоред, а до крајот на сезоната главно ќе се фокусира на преостанатите три Гренд Слема и Олимписките игри .

Многумина беа изненадени од фактот што тој ќе игра на игзибицијата во Ријад на крајот на годината , но нема да се најде на списокот на учесници на престижно натпреварување.

Имено, Новак последен пат играше на Лејвер купот на збогувањето на Роџер Федерер во 2022 година, потоа не играше во 2023 година, а српскиот ас ќе ја заобиколи оваа егзибиција и во тековната сезона.

Лејвер купот објави кој ќе ја претставува Европа од 20 до 22 септември во Берлин.

Прва ѕвезда е Карлос Алкараз, моментално второрангираниот тенисер во светот, потоа Даниил Медведев, и Александар Зверев, петти на планетата, кој ќе ја има поддршката од домашната публика.

Се уште не е објавено кој ќе биде член на Светскиот тим.