Ни една година подоцна не чувствува емпатија: На момчето – убиец од Рибникар воопшто не го засега овој датум
Пред точно една година момчето – убиец изврши невиден масакр кога со оружје в раце влета во училиштето и уби девет ученици и училишниот чувар.
Од тој момент е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград. Иако сите очекуваа тој во одреден момент да покаже барем малку емпатија и да се покае за она што го направил, тој не го стори тоа.
Имено, Коста и денеска на годишнината од масакрот не покажа поинакво однесување.
-Тој се однесува сосема нормално, воопшто не покажува дека овој датум го засега, ниту пак дека има некаква свест за тоа што направил. Поточно, сè изгледа како да не ни знае дека денеска е годишнината од неговото крвопролевање – вели извор запознаен со случајот.
Да потсетиме, ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3-ти мај уби девет свои врсници и еден училишен чувар. Утрото со намера да направи масакр доцнел на училиште на час по историја, а потоа со два пиштоли на татко му и ранец полн со молотови коктели влегол на влезната врата од училиштето и отворил оган.