Ни зборуваше најнормално, како ништо да не направил: Мештаните за однесувањето на осомничениот за убиството на Данка
Жителите на селото Лука, од каде што е осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), се особено шокирани од неговото однесување по грозоморното злосторство. Како што изјави еден од жителите за српскиот портал Телеграф, осомничениот Срѓан Јанковиќ бил опуштен и се однесувал како ништо да не се случило .
-Од кога детето исчезна, го гледавме Срѓан, нормално разговараше со нас. Во понеделникот бил приведен, од куќата однеле сомнителна облека и ресивер за камера. Мислам дека го ослободија во вторник наутро – вели овој сосед.
Претходно кажа дека има внука малку постара од Данка, како и дека сопругата го оставила пред една година.