НИ СЕ БЛИЖИ ЛИ СУДНИОТ ДЕН? Рибари фатиле морски неман, за кој се верува дека предвидува пропаст, изгледа како чудовиште 

Двајца млади рибари од Австралија станаа вирални на социјалните мрежи откако пронајдоа „риба весла“ позната како „риба на судниот ден“ за која се верува дека предвидува земјотреси.

Ова ретко морско суштество обично живее во најдлабоките делови на океанот и ретко се гледа во водите околу Австралија, велат експертите.

Во Јапонија оваа риба се смета за знак на катастрофа, па оттука и прекарот „риба на судниот ден“.

Минатата недела на социјалните мрежи беше споделена фотографија од уловот на кој се гледаат двајца рибари со џиновска риба.

– Има само три вида риби кои растат до осум метри во должина –  изјави за медиумите професорот Калум Браун од Универзитетот Мекквари.

Еден морски биолог рече дека ако луѓето некогаш ја видат, таа обично била исфрлена на брегот од морето веќе мртва.

– Тие го населуваат речиси целиот океан во тропски до умерени океани во води под 250 метри, па ретко ги гледаме – рече тој.

Фотографијата од уловот објавена на Фејсбук страницата на Fishing Australia TV имаше илјадници коментари и споделувања откако беше споделена пред неколку дена.

Многумина ја споредија џиновската риба со морско коњ или мистично суштество. Рибарите го опишаа како „лудо суштество“.

– Оваа риба се појавува пред катастрофа, стара јапонска поговорка – гласи еден од коментарите.

– Тоа е лош знак. Поради оваа причина, често се нарекува „риба на судниот ден“.

– Ќе обрнам внимание на она што се случува во морињата околу Австралија во следните неколку дена.

– Само вратете ја во морето…

Да потсетиме, неодамна овој редок вид риба се појави во Калифорнија, а два дена подоцна во таа област се случи земјотрес.