Рафаел Надал неодамна даде изјава дека следната година ќе се врати на тенисот и ќе се обиде повторно, а исто така дека нема шанси да го стигне Новак Ѓоковиќ и дека тоа нема да му биде целта.
На оваа изјава Новак одговори на свој начин, восхитувајќи се на својот голем ривал и покажа почит кон неговата упорност и дух.
– Мислам дека е добра работа за спортот, што јас и тој имаме барем уште еден натпревар. Тоа е најголемото ривалство во тенисот, по бројот на одиграни натпревари. Се надевам дека ќе се повтори. Тој е голем воин, кој никогаш не се откажува и покрај сите повреди што ги имаше, тој продолжува да се бори. Тоа е нешто што треба да го почитувате и да му се восхитувате на него и на неговиот дух. Светот на тенисот, без никакво сомневање, возбудено го чека неговото враќање – изјави најдобриот тенисер на сите времиња.
Ѓоковиќ последниот меч од „Зелената група“ на завршниот АТП турнир го одигра против Хуберт Хуркач и во таа прилика победи со 2:1 во сетови.