Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен совладувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови.
Новак повторно се мачеше многу, но на крајот квалитетот пресуди, а српскиот тенисер успеа да го „скрши“ Американецот и да се пласира во ново полуфинале.
Нвак беше видно расположен по мечот, додека разговараше со Ник Киргиос на теренот, но и потоа, кога пред камерата остави интересен детал, кој изненади многумина.
Имено, освен стандардниот потпис, Новак нацртал и посебен смајли, кој не го прави многу често.