Новак го стави на место безобразниот новинар! Не падна на провокацијата

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ имаше интересна прес-конференција, а еден новинар се обиде да го испровоцира!

Пред утрешниот натпревар од 3. коло на Мастерсот во Монте Карло против Лоренцо Музети, Новак беше запрашан од странски новинар дали се плаши од средба со Италијанецот, бидејќи годинава загуби и од Јанико Синер и од Лука Нарди.

Како и на секое прашање, така и на ова нашиот Новак имаше подготвен одговор со кој на свое место го стави новинарот!

– Не се плашам од ништо и некого! Музети е еден од најталентираните играчи на земјена подлога, има прекрасен бекхенд со една рака, може да направи многу работи. Тој е еден од најперспективните играчи, не само во Италија, туку и во светот – изјави Новак.

Новак и Музети одиграа четири меѓусебни натпревари во кариерата, а Италијанецот победи еднаш, токму во Монте Карло лани, во истата фаза од натпреварувањето.