Јелена Ѓоковиќ го прослави својот 37 роденден, а откри дека годинава имала необична роденденска желба.
Имено, таа и Новак отпатувале во Португалија на островот Азори.
„Ти трепкаш и животот минува… Ова беше мојата роденденска желба – Азорските Острови, планинарење со мојот витез и гледање делфини“, напиша Јелена покрај тоа што покажа како добро се забавувале.
После тоа, парот замина во Црна Гора каде уживаше во концертот на Дина Мерлин.
Иако е на одмор, Ѓоковиќ се подготвува и за Вимблдон кој од 3 до 16 јули ќе се одржи во Лондон.