Новак Ѓоковиќ ја брани титулата на УС Опен во Њујорк и сите мисли му се насочени кон веројатно најважната обврска до крајот на годината, но Арапите „се обидуваат“ да му го оттргнат вниманието. Не само на него, туку и на останатите претенденти за титулата.
Од 16 до 19 октомври на програмата е Сикс кингс слем во Ријад, а на егзибицијата покрај Нолет ќе учествуваат и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне. Секој од нив ќе добие по 1.500.000 долари за своето пристигнување!
Уште поневеројатен е фактот што шампионот ќе добие 6.000.000 долари, што е најголемата награда досега во светот на тенисот. За споредба, победникот на УС Опен освои 3.600.000.
Новак по Њујорк најверојатно ќе отпатува само во Шангај, а веќе е познато дека нема да учествува во Пекинг, па ќе се движи кон голема премија во топ форма.
Ѓоковиќ во текот на кариерата заработил 184.265.269 долари и е многу блиску до границата од 200 милиони долари.