Новак Ѓоковиќ го јаде најскапиот мед на светот! Поради чудотворната состојката, само 500 грама чини повеќе од 8.000 денари (фото)
Медот Манука, кој го јаде Новак Ѓоковиќ, има непроценлива вредност.
Во својата книга „Serve for Victory“ од 2013 година, Новак Ѓоковиќ откри дека медот од Нов Зеланд е една од најголемите тајни на неговата исхрана. Го консумира така што секое утро јаде две лажички од овој мед а потоа пие голема чаша вода. Покрај тоа, понекогаш го јаде и во текот на денот, како и на теренот помеѓу сериите. Еднаш откри дека чоколадото ќе ви даде „wooow“ ефект, но за половина час ќе изгубите енергија. На Новак му треба енергија во текот на денот, поради што го јаде најскапиот мед на светот.
Зошто е најскап?
Медот Манука е производ чии „лажни“ сорти се шират низ целиот свет. Се добива од цветовите на растението манука, односно од грмушката што расте во Нов Зеланд. Медот е познат по својата главна состојка, која во исто време ја покачува неговата цена – метилглиоксал (MGO), супстанца со силно антибактериско дејство, што всушност е нова појава во производството на мед од пчели. Затоа медот манука се смета за најздрав во светот.
Исто така, спроведено е истражување на оваа супстанца. Германските научници одлучија да ги споредат примероците и заклучија дека најдобриот мед од манука содржи од 38 до 761 mg/kg, додека обичниот мед има до 5 mg/kg. Медот кој содржи многу од оваа состојка е секогаш поскап. На пример, медот со 100 mg/kg чини околу 3.000 динари, но цената на медот со 500 mg/kg метилглиоксал е повеќе од 8.000 динари за половина килограм. Разликата во количина зависи од сезоната и точното потекло, а најдобро е од дивината на Нов Зеланд.
Сепак, на пазарот има многу „лажен“ манука мед. Експертите советуваат секогаш да се купува само од сертифицирани производители.
Вистинскиот манука мед ја носи ознаката UMF (Unique Manuka Factor), што во превод значи „уникатен манука фактор“. До таа ознака има и бројка и колку е поголема бројката толку е повисок квалитетот на медот, односно содржи поголеми концентрации на МГО.