НОВАК ЃОКОВИЌ Е УБЕДЛИВО НАЈПЛАТЕНИОТ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ! Угледниот магазин “Forbs“ ја објави листата на топ 10 најбогати тениери
Новак Ѓоковиќ и официјално е најплатениот тенисер на планетата.
Новак Ѓоковиќ (36 г.) е најплатениот тенисер на планетата во 2023 година, според листата што ја објави угледниот магазин Forbs. Зад него се Карлос Алкараз, Ига Швионтек, Даниил Медведев, Рафаел Надал…
Србинот заработи 38,4 милиони долари, Шпанецот шест милиони помалку, додека полскиот тенисер е зад нив со заработка од 22,4 милиони. Заработката е поделена на оние кои се натпреварувале на теренот, односно од успеси на турнири и надвор од теренот, преку разни спонзорски договори, маркетинг и слично. Новак Ѓоковиќ на теренот заработил 13,4 милиони долари, а надвор од теренот 25 милиони долари.
Веднаш зад него е Карлос Алкараз (20 г.) кој на теренот заработил 11,4 милиони долари, а надвор од теренот 20 милиони долари. Се поголем број спонзори сакаат младиот Шпанец да биде дел од нивниот тим и со тоа има се повеќе понуди. На трето место е Полјак со 22,4 милиони (8,4 – 14 милиони), а потоа е Данил Медведев со заработка од 20,1 милиони долари (7,1 – 13 милиони). Петти е Рафа Надал, кој го пропушти најголемиот дел од сезоната поради повреда, па на теренот заработил „скромни“ 1,5 милиони долари и надвор од теренот 14 милиони долари, вкупно 15,5.
Вака изгледа листата на 10-те најплатени тенисери
- Новак Ѓоковиќ 38,4 милиони долари
- Карлос Аклараз 31,4 милиони долари
- Ига Свјонтек 22.4 милиони долари
- Данил Медведев 20.1 милиони долари
- Рафаел Надал 15,5 милиони долари
- Ема Радукан 15.3 милиони долари
- Коко Гоф 15.2 милиони долари
- Каспер Руд 14.4 милиони долари
- Наоми Осака 12.1 милиони долари
- Џесика Пегула 10,9 милиони долари