НОВАК ЃОКОВИЌ КОНЕЧНО СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА – Србинот за прв пат проговори за ‘забранетата тема’: “Се чувствував како овца опкружена со 20 волци!“
Тешко дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе престане да го следат приказните за вакцинацијата и „затворот во Австралија“, а истото беше главна тема и деновиве во Рим, каде Србинот ја брани титулата на престижниот АТП Мастерс.
Најдобриот светски тенисер со неделната победа над Григор Димитров стигна до 4. коло, а по натпреварот го дочекаа прашања за – вакцинација против вирусот Ковид-19.
Новак Ѓоковиќ овој пат си ја отвори душата и откри зошто јавно не проговорил на оваа тема.
„Јас не сум анти-ваксер и никогаш не сум рекол дека сум. Јас сум про-избор, ја бранам слободата на избор, слободата да одлучуваш што внесуваш во телото, а што не. Еднаш објаснив на BBC по враќањето од Австралија, но потоа исекоа многу делови од разговорот, многу од моите реченици. Оние кои не беа згодни. Затоа никогаш повеќе не зборував за оваа приказна“, објаснил Новак Ѓоковиќ и се потсетил на она што го доживеал во Австралија минатата година поради оваа тема.
„Какво место беше таму каде што ме држеа ? Затвор. Не можев ниту да отворам прозорец. Бев таму помалку од една недела, но таму најдов млади луѓе, воени бегалци, кои беа таму многу долго време. Мојот случај послужи за да се направи малку, исто така ја расветлува нивната ситуација, скоро сите беа ослободени на крајот и тоа ме теши. На пример, еден млад Сириец беше таму девет години, а сега е во САД. Кога ќе се вратам летово, би сакал повторно да го видам на УС Опен. Едноставно, се чувствувам поврзан со него“, открил Новак Ѓоковиќ и заклучил:
„Се откажав од два УС Опен турнири за да останам верен на себе. Потоа се вратив во Австралија и победив. Но, бев разочаран, од медиумите и од многу колеги. Кога половина свет е против тебе, тогаш го гледаш вистинското лице на луѓето. И многу од нив ги свртеа главите, многу играчи и некои организатори“, изјавил Новак Ѓоковиќ.