Првиот човек на Австралија опен, Крег Тајли, откри дека наградниот фонд на турнирот ќе биде рекорден за 2024 година и дека е пораст од 13 отсто во однос на 2023 година.
Најголем скок во наградите ќе има за тенисерите и тенисерките во раните рунди, па оние кои ќе се натпреваруваат во квалификациите ќе добијат 19.279 евра (31.250 австралиски долари).
Оние кои ќе стигнат до главните елиминации ќе добијат најмалку 74.000 евра, колку што е добиена сумата за елиминирање во првото коло.
Шампионите во машка и женска конкуренција ќе инкасираат 1.943.000 евра, што е за 108.000 евра повеќе од лани кога главната награда ја освоија Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка.