НОВАК ЃОКОВИЌ НЕ ГО ПОЧНУВА ДЕНОТ БЕЗ ОВАА ХРАНА – Тоа е неверојатно здраво и едноставно – од ова Србинот ја црпи сета сила за победи

Сите кои го познаваат Новак Ѓоковиќ велат дека тој се труди се што прави да го доведе до совршенство. Секој ден се труди да јаде што е можно поздрава храна, избалансирани производи кои му даваат сила и леснотија на движење.

Новак Ѓоковиќ вели дека не може да замисли ден без одредена храна, пренесуваат српските медиуми.

Мојата омилена храна за појадок се овошјето и зелените смути. Не можам да го започнам денот без тоа“, открил еднаш Новак Ѓоковиќ.

Исто така, Новак Ѓоковиќ открил која храна е клучна за неговото опоравување во периодот на пауза за време на натпреварот.

Тенисот е различен спорт од кој било друг бидејќи нема исти физички барања. Во тенисот, натпреварот може да трае и до пет часа, за време на натпреварите обично јадам урми, понекогаш малку банана, но најмногу урми. Пијам вода и два различни енергетски пијалоци, и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите“, открива Новак Ѓоковиќ.