НОВАК ЃОКОВИЌ НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ – Србинот за една вечер собори четири големи рекорди! Еве колку заработи од победата на УС Опен, но и вкупно од тенисот во неговата кариера

Новак Ѓоковиќ уште еднаш испиша историја. Српскиот тенисер го победи Данил Медведев во финалето на УС Опен и со тоа го освои својот 24. Грен Слем трофеј и го израмни рекордот што го држеше австралиската Маргарет Корт цели 50 години.

Новак Ѓоковиќ со оваа победа се врати на првото место на АТП-листата, а со четвртата титула на УС Опен собори и неколку рекорди од кои најважен е што се изедначи со Маргарет Корт по бројот на Грен Слем титули.

И Маргарет Корт ја освои последната титула на УС Опен пред 50 години. Новак Ѓоковиќ стана и најстариот победник на УС Опен. Тој рекорд досега го држеше Кен Роузвол, кој стана шампион во 1970 година на 35 години и 315 дена. Србинот стана и првиот тенисер во историјата кој четири пати освоил три Грен Слем турнири во една година.

Новак Ѓоковиќ се изедначи со Пит Сампрас за најдолго растојание меѓу титулите на УС Опен. Србинот ја освои својата прва титула на УС Опен во 2011 година кога во финалето го победи Рафаел Надал, а за последната му беа потребни 12 години, како што му требаше на Пит Сампрас помеѓу 1990 и 2002 година.

Новак Ѓоковиќ добива три милиони долари за победата на УС Опен. Годинава српскиот тенисер одлично заработи со освојувањето на Аделаида, Австралија Опен, Ролан Гарос, Мастерсот во Синсинати и УС Опен. Неговата вкупна заработка само од турнирот порасна на 10,58 милиони долари.

Титулата на УС Опен е негова 96-та титула во кариерата, а пред него се само Џими Конорс кој има 109 и Роџер Федерер со 103 титули. Иако споменатото дуо има освоено повеќе титули, Новак Ѓоковиќ заработи значително повеќе. Неговата вкупна заработка од играње сингл и двојки по новата титула е дури 175,3 милиони долари.